Притвор за дилер на кокаин од Гевгелија
СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против С.М.И.(22) од Гевгелија, поради постоење на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ.
Како што соопшти МВР, на 01.08.2025 од страна на полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.М.И., при што биле пронајдени 27 грама кокаин, една дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети со остатоци од кокаин.
-Пред почетокот на претресот, односно во момент кога полициските службеници го запознавале осомничениот со содржината на наредбата за претрес, од која еден примерок му бил врачен и нему, тој противправно го одзел и вториот примерок од наредбата, кој содржи службен печат и го искинал, наведуваат од МВР.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По поднесување на пријавата, тој бил изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…