Водовод апелира до скопјани внимателно да ја трошат водата за пиење – потрошувачката енормно зголемена
ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење поради енормно зголемена потрошувачка
-Дневното производство достигнува и над 350 000 метри кубни вода. Апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови, соопшти јавното претпријатие.
Укажува дека „ваквата енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем“.
-Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, стои во апелот на скопски Водовод.
Претпријатието ги повикува граѓаните на главниот град и доколку забележат какво било истекување на вода, да пријават на телефонскиот број 02 3073 010 или на [email protected] и www.vodovod-skopje.com.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Гостивар: Се работи на нормализирање на…
Општина Гостивар информира дека Главниот кризен штаб…
Се собираат донации за црквата „Св. Ѓорѓија“…
На социјалните мрежи се појави апел за…
РСБСП со апел: Внимателно и одговорно учество…
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на…
Апел од граѓани на Кочани за „нелегален,…
На социјалните мрежи се шири Апел од…
Напад во Шутка – вработен во „Водовод“…
Три лица со дрвени и железни палки,…