Министерството за здравство и ги одзеде ингеренциите на Стоматолошката комора

t

Министерството за здравство од денеска ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора, соопшти министерот за здравство Азир Алиу.

Тој на денешната прес-конференција информираше дека одземањето на надлежностите, односно на јавното овластување на Стоматолошката комора се се додека не се воспостави систем преку кој Комората ќе работи законито, транспарентно и професионални.

-Овој чекор не е казна. Ова е почеток на реформата, реформа што ќе врати довербата, ќе обезбеди интегритет и ќе гарантира дека секој стоматолог ја продолжува лиценцата со знаење и со вештини усогласени со најновите светски стандарди, појасни Алиу.

Според него, надзорот на документите на Стоматолошката комора покажале сериозни пропусти, односно едукации преку нерегистрирани здруженија и сертификати кои неправилно се користеле за продолжување на лиценците.

-Надзорите и документите покажаа сериозни пропусти како договори склучени ретроактивно спротивно на закон, одлуки и документи без потпис и со невалидна документација. Дополнително, игнорирање на привремената мерка и конечноста на одлука на Уставниот суд повеќе од една година, иако судот утврдил дека условите за стручно усовршување биле спротивни на законот, истакна Алиу.

Информираше дека има и сомнеж за финансиска злоупотреба.

– Имаме сериозни сомнежи за финансиски злоупотреби на Комората за кои финансиската полиција истражува, има прибавено обемна документација за која веруваме дека за брзо време ќе има епилог, нагласи Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија има повеќе болнички кревети на 100…

Во Европската Унија во 2024 година имало…

Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…

По 10 години се ажурира листата на…

Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…

Христовски: Ќе се прави студија како работат…

Во план е студија околу тоа како…

Владата планира да набави 100 амбулантни возила…

Директорот на Службата за општи и заеднички…