Едно лице загина, дваесет и девет повредени во силниот земјотрес кој ја погоди Турција
Едно лице загина, а 29 лица се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала што го потресе синоќа регионот Баликесир и беше силно почувствуван во Истанбул и многу други градови.
Осумдесет и едногодишен маж почина откако беше извлечен жив од урнатините на станбена зграда во Сундерга, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Вложени се сите напори да се спаси откако беше извлечен жив од урнатините, но за жал тие беа неуспешни, изјави министерот, цитиран од весникот „Милиет“.
Тој рече дека состојбата на 29-те повредени не е сериозна и нема опасност по нивните животи. Уништени се 16 згради во руралните области.
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека операциите за пребарување и спасување се прекинати преку ноќ. За денеска е закажан увид на штетите на зградите. Од соседните области е испратено засилување. Граѓаните се предупредени да не влегуваат во оштетените згради.
Опсерваторијата Кандили објави дека главниот земјотрес во регионот Баликесир бил проследен со три последователни потреси со магнитуда од 4,6, 4,1 и 4,0 и околу 15 со магнитуда над 3.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Едно лице загина, дваесет и девет повредени…
Едно лице загина, а 29 лица се…
(Видео) Жена се спасува криејќи се под…
Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени…
Силен земјотрес ја погоди Турција
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни…
Ердоган: Одлуката на Израел за воена контрола…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски…
Без дозвола од Турција, Американските подморници не…
Соединетите Американски Држави, во согласност со Конвенцијата…