Битиќи: Урнат е стандардот на граѓаните, за синдикалната кошница во јули потребни се речиси 2,7 минимални плати

t

„Вредноста на синдикалната потрошувачка кошница порасна од 61.855 денари во март на 63.908 денари во мај, а потоа во јуни достигна 64.698 денари и во јули нов рекорд 65.328 денари. Тоа е зголемување од 3.473 денари за само четири месеци, или повеќе од една и пол минимална плата. Во исто време, просечната нето-плата се зголеми од 44.763 денари во март на 45.796 денари во мај, зголемување од само 1.033 денари за три месеци. Јазот меѓу приходите и трошоците драматично се продлабочува“, изјави пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната прес конференција на партијата.

Тој додаде дека оваа состојба директно го урива животниот стандард на граѓаните: „Двајца вработени со минимална плата од 24.379 денари во едно семејство, и пак нема да имаат доволно средства за месечните трошоци. Денес, за да се покрие синдикалната кошница од јули, потребни се речиси 2,7 минимални плати. Тоа значи дека дури и семејства со двајца вработени не можат да обезбедат пристоен живот.“

Битиќи предупреди дека без реален раст на приходите, куповната моќ на граѓаните ќе продолжи да паѓа, а економската несигурност да расте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: Урнат е стандардот на граѓаните, за…

„Вредноста на синдикалната потрошувачка кошница порасна од…

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за…

Прес-конференција, Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ СДСМ:…

Невидена партизација во тек, единствениот пат до…

Невидена партизација во тек, единствениот пат до…

Повторно ќе го поднесеме законот за минимална…

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за…

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ рехабилитира соработници на фашизмот и…

ВМРО-ДПМНЕ рехабилитира соработници на фашизмот и прави…