Пред состанокот со Путин: Трамп денес на онлајн средба со Зеленски
Белата куќа потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп планира денеска да одржи онлајн состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските сојузници, објави синоќа Би-би-си.
Разговорот ќе се одржи пред средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин в петок во Алјаска.
Путин за претстојната средба со Трамп, разговараше со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Руските медиуми, повикувајќи се на Кремљ, пишуваа дека тие преку телефон споделиле информации за самитот во Алјаска.
Русија и Северна Кореја ги продлабочија своите безбедносни врски откако започна инвазијата на Украина, а Пјонгјанг испрати војници да се борат на страната на Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пред состанокот со Путин: Трамп денес на…
Белата куќа потврди дека американскиот претседател Доналд…
Трамп и Путин ќе се сретнат в…
Средбата меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп,…
Зеленски: Путин ќе се обиде да го…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот…
Нетанјаху и Трамп разговарале за плановите на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше со американскиот…
Дурмиши на средба со трговциите, производителите и…
Мерки за зашита на стандардот на граѓаните…