Пијан возач во Македонска Каменица удрил во девојче и избегал

t

Полицијата уапси возач во Македонска Каменица кој возел под дејство на алкохол, удрил во малолетничка и избегал од местото на несреќата.

Доцна синоќа, во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници го уапсија Г.А.(51) од Македонска Каменица.

Тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош. По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан возач во Македонска Каменица удрил во…

Полицијата уапси возач во Македонска Каменица кој…

Ковидот не е целосно исечезнат? Нови доминантни…

Иако Ковид-19 веќе одамна исчезна од дневните…

Многу насмеани за скарани: Меџити прослави 24…

Вицепремиерот и кандидат за градоначалник во Чаир…

Продолжуваат немирите во Србија: демонстрантите биле нападнати…

– Неколку демонстранти и најмалку четворица полицајци…

Урологија: Вработените се откажале од пари што…

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше…