Украина предупредува дека Русија планира да произведе речиси 80.000 дронови „Шахед“ до крајот на годината
Русија планира да произведе 79.000 беспилотни летала од типот Шахед до крајот на годината, вклучувајќи ги варијантите Геран-2 и Харпи-1, изјави заменик-началникот на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, Вадим Скибицки.
Според него, планот е да се произведат 40.000 дронови „Геран-2“ – верзија на иранскиот „Шахид“, 5.700 дронови „Харпи-1“, околу 34.000 лажни цели и дронови како „Гербера“, објави Укринформ.
Скибицки предупредува дека Русија значително ги проширува капацитетите за домашно производство на дронови со отворање нови линии во Ижевск и Јелабуга.
Тој истакна дека Москва се обидува целосно да ги замени увезените компоненти.
„Едрилицата и моторот се руски, како и навигацискиот систем, освен чиповите и микроелектрониката. Антените се произведени од „Комет“ и овозможуваат отпорност на електронско блокирање“, рече тој.
Украинската разузнавачка служба изјави дека Русија планира дел од производството на иранските беспилотни летала „Шахед“ да го премести на териториите на источна Украина кои се под нејзина привремена окупација.
Според Центарот за национален отпор, производството би се одвивало во подземни објекти, а учениците од стручните училишта би биле вклучени во склопувањето на беспилотните летала. Скибицки нагласи дека приоритет на Украина е да ги уништи тие производствени капацитети, со цел да се спречи понатамошна употреба на камикази беспилотни летала против украински цели
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина предупредува дека Русија планира да произведе…
Русија планира да произведе 79.000 беспилотни летала…
Голем пожар кај Октиси, побарана е хеликоптерска…
Голем пожар избувна кај селото Октиси, на…
Одобрен притвор против 15-годишникот и против уште…
МВР потврди дека е одреден 30-дневен притвор…
Македонец осуден на осум години затвор во…
Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство…
Израел ја бомбардираше Газа – 123 лица…
Израелската армија денес го бомбардираше градот Газа…