Македонец и двајца Срби убиени во Боливија

t

Тела на еден Македонец и двајца Срби, убиени во Јужна Америка, како што пренесуваат медиумите, се пронајдени во црни пластични ќеси. Според неофицијалните информации, тие биле мачени, а потоа и ликвидирани во Боливија, објави „Политика“, пренесе Телма.

Телата се пратени на обдукција која треба ги утврди точните причини за смртта. Жртвите сè уште не се официјално идентификувани. Врз основа на првичните траги, постои сомнеж дека најпрво биле брутално мачени, потоа убиени и спакувани во црни пластични ќеси, наведуваат извори од истрагата.

Убиениот македонски државјанин, како што пишуваат медиумите, е Дејанчо Л. Едниот од двајцата српски државјани, како што пренесува „Политика“, е Миљан Ќ, викан Итри, од Ниш, предводник на меѓународна организирана криминална група која се занимавала со дистрибуција на големи количини на кокаин од Јужна Америка на теротории на одредени земји во Западна Европа. Како што пишуваат медиумите, тој бил ликвидиран пред два дена, најверојатно на територијата на Болиција.

И вториот убиен маж од Србија е по потекло од Ниш и на територијата на Јужна Америка се движел со лажбни идентификациски податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…

Извршниот комитет на Движењето за силата на…