Објавено на:

Унгарија и се налути на Украина за нападот врз руски гасовод

t

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, ја посочи Украина како виновник за нападот со беспилотни летала врз „важна дистрибутивна станица“ од рускиот нафтовод „Дружба“, лоцирана во руската област Брјанск.

Сијарто вчеравечер преку Фејсбук изнесе тврдење дека Украина извршила ноќен напад врз суштинска точка на нафтоводот кој ја обезбедува Унгарија со необработена нафта.

„Унгарија во моментов е најголемиот снабдувач на електрична енергија за Украина и без нас, енергетската безбедност на земјата би станала доста нестабилна. Во овој контекст, најновиот напад на Украина врз нафтоводот „Дружба“, кој игра клучна улога во енергетската безбедност на нашата земја, е особено скандалозен“, напиша тој.

Тој апелираше до Украина „да не ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија и да престане да ги напаѓа енергетските патишта за снабдување со енергија до Унгарија“.

Инаку, Европската комисија има предлог за воведување законски задолжителна забрана за увоз на руски гас и течен природен гас во Европската Унија до крајот на 2027 година. Сепак, овој план не може да биде прифатен доколку биде блокиран од Будимпешта или Братислава.

Во текот на јули, Сијарто информираше за развојот на проектот за новиот нафтовод помеѓу Унгарија и Србија, кој беше најавен претходно оваа пролет, и повторно ја критикуваше Европската Унија за откажување од руските енергетски ресурси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија и се налути на Украина за…

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, ја…

(Видео) „Кумот на вештачката интелигенција“: Мајчинскиот инстинкт…

Џефри Хинтон, познат како „кум на вештачката…

(Фото) Куче се влече врзано за автомобил…

Денес напладне, во реонот на Крива Паланка…

Приведени пет лица кои се тепале во…

Кумановската полиција приведе пет лица на возраст…

САД ги избришаа правата на македонското малцинство…

Има многу промени во начинот на кој…