Царина: Откриена царинска измама со увози на месо во висина од 7 милиони денари
Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, открија царинска измама во висина од седум милиони денари.
Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка.
Против сторителите е поднесена кривична пријава за царинска измама, а донесени се решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки во висина од седум милиони денари.
Царинската управа ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Царина: Откриена царинска измама со увози на…
Царинските инспектори при Секторот за контрола и…
Трамп размислува да воведе дополнителни царини и…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…
Трамп: Ќе ја зголемиме царината за Индија,…
Американскиот претседател Доналд Трамп има намера „многу…
ЕУ ја чека одлуката на Трамп за…
Европската Унија очекува претседателот на Соединетите Американски…
Трамп ја намали царината за Македонија –…
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи…