Агелер: Новите возила претставуваат олицетворение на постојаната поддршка на САД на Македонија
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер во своето обраќање на денешното презентирање на оклопните возила JLTV за АРМ, рече дека од самиот почеток на Програмата од 2019 година, всушност помогнаа во испораката на 67 возила од ваков карактер, кои се последниот крик на технологијата, вклучувајќи ги овие возила.
– Овие лесни оклопни возила ќе бидат и ќе го претставуваат ’рбетот на Северна Македонија и конкретно на лесната Пешадиска батаљонска група, којашто всушност претставуваат физичко отсликување на улогата, којашто вие ја имате како одлучен сојузник во НАТО. Во исто време тие претставуваат олицетворение на постојаната поддршка на САД на Северна Македонија и на нејзините одбранбени способности, како и нашите споделени безбедносни цели, рече Агелер.
Амбасадорката на САД додаде дека Самитот на НАТО, ова лето покажа дека инвестицијата во воената подготвеност е повеќе од приоритет и оти станува збор за реалност и потреба.
-Со овие возила во вашиот арсенал, Северна Македонија и силите на Северна Македонија ќе бидат подобро подготвени за да се соочат со предизвиците на нашата колективна одбрана, денес и во иднина. Пред 30 години САД формално ја призна и ја препозна оваа земја и склучи билатерални односи, коишто се уште ги почитуваме до денес, посочи Агелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…
Во изминатото деноноќие, на територија на целата…
Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…