Објавено на:

Собири во повеќе црногорски градови за солидарност со Палестина

t

На 15 август во десет градови во Црна Гора беа организирани собири на солидарност во врска со ситуацијата во Газа, под мотото „Неактивноста е соучесништво!“, пренесува РСЕ.

Движењето за солидарност со Палестина, кое е еден од организаторите, вели дека целта на собирот е да ги пренесе барањата и гласовите на граѓаните до Владата на Црна Гора, Министерството за надворешни работи, Парламентот и сите политички актери.

„Црна Гора стои со Палестина“, „Слобода за Палестина, запрете ја окупацијата“, „Солидарноста не е злосторство, молчењето е“, се некои од натписите на транспарентите на собраните, кои на почетокот на собирите им оддадоа почит на жртвите од војната во Газа со минута молчење.

Меѓу трите барања што ги наведоа беше „итно усвојување на Резолуција со која се осудува израелскиот геноцид врз палестинскиот народ“.

Тие исто така бараат властите „да ја прекинат соработката со Израел додека продолжуваат геноцидот и окупацијата и да воведат санкции врз компаниите и институциите што го поддржуваат израелскиот режим“. Повикаа на итна акција, наведувајќи дека „пасивноста и лажната неутралност претставуваат соучество во злосторството“.

„Свесни за сериозноста на моментот низ кој минува Црна Гора, земја која со денови се задушува во чад и хаос, ги покануваме граѓаните да го замислат секојдневниот живот на Палестина: во пламен, под опсада, без храна, вода и излез. Ова е реалност во која не смееме и нема да учествуваме“, рекоа организаторите.

Во текот на попладнето, собири се одржаа во Рожаје, Плав, Гусиње, Петњица и Бијело Поље, а во текот на вечерта во Беране, Бар, Улцињ, Плевља и Цетиње.

„Свесни за сериозноста на моментот низ кој поминува Црна Гора, земја која со денови се задушува во чад и хаос, ги покануваме граѓаните да го замислат секојдневниот живот на Палестина: во пламен, под опсада, без храна, вода и излез. Ова е реалност во која не смееме и нема да учествуваме“, рекоа организаторите.

Израел ја започна војната во Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година врз јужен Израел, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а 251 заложник беа однесени во Газа.

Оттогаш, најмалку 61.500 Палестинци се убиени во масовна израелска воена офанзива, според Министерството за здравство на Газа, кое го води Хамас, палестинско движење кое САД и Европската Унија го сметаат за терористичко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според ОН најмалку 1.400 Палестинци се убиени…

Откако Израел го распушти системот за дистрибуција…

Велика Британија е подготвена да ја признае…

Кир Стармер изјави дека Велика Британија е…

Нетанјаху демантира: Не сум се согласил на…

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, негира дека…

Можен е двонеделен прекин на огнот во…

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер…