Меланија Трамп му напишала мистериозно писмо на Путин: ги споменала киднапираните деца во Украина
Првата дама на САД Меланија Трамп го покренала прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во писмо до рускиот претседател Владимир Путин, соопштија претставници на Белата куќа.
Претседателот Трамп му го предал рачно напишаното писмо на Путин за време на нивниот самит на Алјаска, каде што Меланија не отпатува.
Од Белата куќа не навлегоа во содржината на писмото, но одредени извори велат дека во него се споменуваат киднапирањата на деца за време на војната во Украина.
Украина тврди дека десетици илјади деца биле одведени во Русија или на окупираните територии без согласност од нивните родители или старатели, што се смета за воено злосторство.
Москва претходно кажа дека им дава заштита на ранливите деца од воена зона.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Нови детали за Србинот што се удави…
Горан Комазец од Белград е човекот кој…
ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…
Владата даде зелено светло за ново задолжување…
Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…