Објавено на:

Меланија Трамп му напишала мистериозно писмо на Путин: ги споменала киднапираните деца во Украина

t

Првата дама на САД Меланија Трамп го покренала прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во писмо до рускиот претседател Владимир Путин, соопштија претставници на Белата куќа.

Претседателот Трамп му го предал рачно напишаното писмо на Путин за време на нивниот самит на Алјаска, каде што Меланија не отпатува.

Од Белата куќа не навлегоа во содржината на писмото, но одредени извори велат дека во него се споменуваат киднапирањата на деца за време на војната во Украина.

Украина тврди дека десетици илјади деца биле одведени во Русија или на окупираните територии без согласност од нивните родители или старатели, што се смета за воено злосторство.

Москва претходно кажа дека им дава заштита на ранливите деца од воена зона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Прашањето за ЕУ е тешка борба,…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само…

Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…

Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…