Казна од 300 евра за ресенчанец кој во протест против сеча на шумата во Љубојно го блокирал патот на камионите

t

Казна од 300 евра му била изречена на жител од Ресенско кој учествувал во протестите против сечата на шумата кај преспанското село Љубојно. Тој е казнет затоа што со товарно возило истурил земја и го блокирал патот за да не можат да минуваат камионите кои ги носат исечените дрва.

„На две места од патот истури земја и со тоа се направи блокада. Некој го сликал и фотографијата ја пратил кај надлежните. Му беше изречена парична казна од 600 евра, но затоа што ја плати навремено, му зедоа 300 евра. Сите ние солидарно ги собравме парите за да ја плати казната“, изјавија за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК жители од Љубојно кои веќе шести ден протестираат за да ја спречат сечата на шумата и велат дека нема да запрат.

САКАМДАКАЖАМ.МК испратиле прашања во СВР Битола за што бил казнет ресенчанецот и до објавувањето на текстот одговор не добиле

ИЗВОР:СДК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…

Зеленски: Виткоф и Кушнер ќе го посетат…

Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер…

(Фото) Трамп ќе гради триумфална капија, висока…

Претседателот на САД, Доналд Трамп сака да…

Германската полицијата е во потрага по маж…

Германската полиција бара маж осомничен за извршување…