Мојсоска: Полицијата на вмровскиот режим во Кочани денес не дозволувала да влезат во градот возила од други градови
*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска
Полицијата на вмровскиот #режим во Кочани денес не дозволувала да влезат во градот возила од други градови (кои дошле за поддршка на протестот).
Нема дно кое не можете да го допре една налудничава влада, па дури и солидарноста во тагата ќе ни ја забранат! Една дивоградба немате рушено после таква незамислива трагедија, барем симболично, да се врати надеж дека има минимум совест за животите кои можеа да бидат спасени.
Оваа влада имаше историски предизвик да постави нови вредности во општество кое дефакто колабира. Наместо тоа, оваа влада е историски СРАМ и ќе остане запаметена како симбол на целосно отсуство на морал, емпатија и човечност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…