Еве кога ќе почне исплатата на „Мој ДДВ“
Исплатата на повратот на ДДВ за скенираните фискални сметки од вториот квартал 2025 година (април–мај–јуни) ќе биде целосно реализирана најдоцна до 31 август 2025 година, согласно законскиот рок од 60 дена по завршување на кварталот.
Граѓаните кои ги исполниле условите, скенирале сметки и имаат точно и ажурирано внесени податоци за трансакциска сметка, средствата ќе ги добијат автоматски по обработката.
Од Управата за јавни приходи потсетуваат дека во претходните исплати најчеста причина за доцнење биле некоректно внесени или неажурирани трансакциски сметки во апликацијата „МојДДВ“.
Како да си ја обезбедите исплатата без проблеми:
Проверете дали сите скенирани сметки се евидентирани во апликацијата „МојДДВ“.
Осигурајте се дека трансакциската сметка е правилно внесена и активна во системот на УЈП.
Следете ги официјалните известувања од УЈП и апликацијата за актуелности.
Со редовно ажурирани податоци и проверка во апликацијата, повратот на „Мој ДДВ“ ќе ви стигне навремено.
Како што е познато граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ можат да добијат поврат и до 2.100 денари за едно тромесечие, или 8.400 денари за цела година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски најави ново намалување на ДДВ за…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува…
Владата денеска на вонредна седница ќе го…
Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница…
Намалувањето на акцизите и на ДДВ-то за…
Владата денеска на вонредна седница до 1…
Мицкоски: ДДВ за дизелот останува 18 проценти,…
Во овој момент остануваме на мерката намалено…
(Видео) Се намалува акцизата за горива, продолжува…
Ја продолжуваме до крајот на кризната состојба…