Зеленски: Русија ја комплицира ситуацијата со одбивањето на мирот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди отфрлањето на прекинот на огнот од страна на Русија, велејќи дека тоа „ја комплицира ситуацијата“ во постигнувањето на мировниот план што го побара Доналд Трамп по неговата средба со Владимир Путин, пренесува АФП.
„Гледаме дека Русија ги отфрла бројните повици за прекин на огнот и сè уште не утврдила кога ќе престане да убива. Ова ја комплицира ситуацијата. Ако не се подготвени да извршат едноставна наредба за запирање на нападите, можеби ќе бидат потребни значителни напори за да се убеди Русија да спроведе нешто многу поважно – мирен соживот со своите соседи во наредните децении“, напиша Зеленски на своите социјални мрежи.
Да ве потсетиме, по средбата меѓу Трамп и Путин се појави информација дека Русија не е заинтересирана за прекин на огнот по сегашните фронтовски линии, туку за целосен мировен план според кој Украина би морала да го предаде целиот Донбас. Тој план наводно го поддржува самиот Трамп, додека Зеленски го отфрлил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…