Левица: ДПМНЕ подготвува закони со кои Македонија ќе стане рударска колонија

t

Новите закони за рударство и геологија, претставени како „усогласување со европските стандарди“, претставуваат директна опасност за претворање на Македонија во рударска колонија на Европската Унија. Под изговор на „стратешки проекти“ и „одржлив развој“, власта отвора врата за уништување на македонските планини, реки и почви, овој пат легализирано и со европско знаменце, реагираат од политичката партија Левица.

– Ископот на ретки минерали, особено литиумот, е меѓу најзагадувачките индустриски процеси во светот. Секое рударско постројување значи исчезнување на природата: реките стануваат мртви канали, земјата неплодна, воздухот канцероген. Доволно е да се погледне примерот во Србија, каде проектот на „Рио Тинто“ предизвика масовни протести поради ризикот од уништување на целиот екосистем. Во Чиле и Боливија, локалното население веќе живее со недостиг на питка вода, поради трошење милиони литри за обработка на рудата.

Законот не значи „затворање на дивите рудници“, туку нивна легализација и замена со концесионери кои, со благослов на власта, ќе ја експлоатираат земјата и народот. Зад „зелените“ пароли стои црната вистина: отворање пат за оживување на проектите во Иловица и Штука, нешто што граѓаните веќе јасно го одбија.

Посебно е цинично што токму ДПМНЕ, која во опозиција жестоко зборуваше против рудниците на смртта и концесиите за странските корпорации, денес како власт го прави истото, уште поперфидно и прикриено зад европски флоскули.

Она што сега се прави е исто како во Србија: распродавање на концесии на странски корпорации кои зад себе оставаат пустош, загадена вода и неплодна почва. Тоа не е развој, туку национално предавство и трајна еколошка катастрофа.

Левица бара власта веднаш да се откаже од намерата за донесување на вакви штетни закони.

Нема цена со која може да се замени чистата вода, плодната земја и здравјето на нашите деца. Македонија не смее да стане рударска колонија! – велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…