Семејствата на загинатите го демантираат МВР: Полицијата не дозволи возила од други градови да влезат во Кочани, како да сакаат и тагата да ни ја забранат!

t

ИЗВЕСТУВАЊЕ

од родителите на починатите деца во дискотека „Пулс“ Кочани

Во врска со вчерашниот Марш на ангелите, кој како родители со болка и љубов го организираме секоја сабота барајки ВИСТИНСКА И НЕПРИСТРАСНА ПРАВДА за нашите деца, сакаме да ја известиме македонската јавност за следното:

Вчера, полицијата не дозволи да влезат во градот возила од други градови, кои дојдоа за да ни дадат поддршка и заеднички да ја споделат нашата болка. По нашата реакција директно на началникот на ОВР Кочани (кој беше присутен на Плоштадот на слободата од каде стартуваме со Маршот) издејствувавме барем дел од луѓето да ги пуштат да влезат во Кочани (медиумите го имаат снимано сето ова).

Со ваквиот чин, како да сакаат и солидарноста во тагата да ни ја забранат, да ни ја одземат единствената сила што ни остана – заедништвото и човечката поддршка.

По една таква незамислива трагедија, кога изгубивме млади животи што можеа да бидат спасени, очекувавме барем почит, барем зрно совест и разбирање. Наместо тоа, добивме нова повреда и ново понижување.

Ова е невиден срам, кој ќе остане запаметен како симбол на целосно отсуство на морал, емпатија и човечност.

Со оваа постапка директно се нарушува уставно загарантираното право на слободно движење и правото на мирен марш – темелни демократски вредности кои треба да бидат заштитени, а не погазени.

Нашите деца заслужуваат правда, нашата болка заслужува почит!!!

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…

За еден месец, македонската полиција запленила 97…

Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…

По 18 месеци од трагедијата во „Пулс“,…

Осумнаесет месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“,…

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…