САД ѝ нудат на Украина заштита слична на НАТО, а Путин се согласил?
Американскиот претставник Стив Виткоф во интервју за „Си-ен-ен“ тврди дека Владимир Путин се согласил во потенцијалниот мировен договор со Украина да има клаузула за колективна одбрана. Со договорот според Виткоф, треба да се „заобиколи црвената линија на Русија“ а тоа е членството на Украина во НАТО. Наместо формално Украина да стане дел од НАТО, САД и европските држави ќе ѝ понудат безбедносни гаранции како тие во членот 5 од Повелбата која што обврзува кога една држава ќе биде нападната сите да учествуваат во одбраната.
„Се согласивме дека САД и другите европски земји би можеле да понудат формулација слична на Член 5 како дел од безбедносната гаранција“, рече Виткоф.
Путин му повторил на Виткоф дека членството на Украина во НАТО за Русија е неприфатливо, но претпоставува дека Украинците може да се согласат на алтернатива.
„Сè зависи од тоа со што можат да живеат Украинците. Но, почнувајќи од тоа, успеавме да ја добиеме оваа отстапка – дека САД можат да понудат заштита слична на Член 5“, рече тој.
Виткоф нагласи дека ова е „прв пат да слушнеме дека Русите се согласиле“ на таква клаузула во кој било мировен договор.
Досега, ниту рускиот претседател ниту други функционери јавно не коментирале за толкувањето на преговорите од страна на администрацијата на Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ нудат на Украина заштита слична…
Американскиот претставник Стив Виткоф во интервју за…
Фон дер Лајен и Зеленски со ист…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…
Мајка физички го малтретирала своето тримесечно бебе
На 16.08.2025 во 22:00 часот во СВР…
Вучиќ: Нема да воведеме вонредна состојба, но…
Србија не размислува да воведе вонредна состојба…
Трамп: Голем напредок во врска со Русија…
Американскиот претседател Доналд Трамп обвини голем број…