Потресно сведоштво на родителите од Кочани: Премиерот нѐ праша која е цената за животот на нашите деца

t

Редакцијата на Инфомакс, на пет месеци по трагедијата од која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, разговараше со родителите на жртвите.

Тие отворено, со тага во гласот и солзи во очите кажуваат низ што поминале и поминуваат по трагедијата која им се случи.

Зборуваа за средбата со премиерот Христијан Мицковски од која се многу разочарани, поради однесувањето на премиерот – „Сметавме дека тоа ќе биде добронамерен резговор со емпатија, но за жал тогаш се видовме и повеќе не“, вели една од мајките на жртвите

„Од вработените во кабинетот на премиерот бевме убаво пречекани, ни изразија сочувство, а премиерот со нас само се поздрави, како да сме најобични граѓани „Здраво, како си?“ ни рече, а со некој од родителите не се ни поздрави, само ги поттчукна по рамото“ – раскажува една од мајките на загинатите.

„Нашето здружение испрати барање до Кабинетот на Премиерот, Кабинетот на Претседателката и Кабинетот на Претседателот на Собранието, кога отидовме кај премиерот очекувавме дека ќе има одговори на нашите барања, а тој рече дека прв пат ги гледа нашите барања, иако тие беа објавени јавно, не морал да го види тој допис, за да знае што пишува“ – продолжува таа

Иако писмото било примено на 3 јули, тоа не стигнало до премиерот, на што потпаролката на премиерот ги прашала дали „сакаат да кажат дека премерот лаже“, потпаролкато наместо да го достави писмото до премиерот за кого било адресирано, таа го препратила на адреса на други државни институции.

Премиерот ги прочитал само точките од барањето, а кога го замолиле да го прочита цело барање тој им одговорил „Не, не, да ви го скратам времето, вие се брзате за на гробишта“

„Кога ги прочита точките, се фати за првата точка „еднократна парична помош“ и не праша „Дали и вие како СДСМ барате пари, само уште цената ви фали да си ја кажите за вашите деца.“

Родителите го прашале каде бил да даде поддршка и да отиде во Кочани за да запали свеќа, а тој на тоа одговорил дека тој е виновен за настанатата ситуација.

ЛИНК ДО ВИДЕОТО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потресно сведоштво на родителите од Кочани: Премиерот…

Редакцијата на Инфомакс, на пет месеци по…

Македонија му е „пример“ на Вучиќ кога…

Откако претседателот на Србија Александар Вучиќ најави…

Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи…

Денес се регистрирани десет пожари на отворен…

ВО ЖИВО: Разговор со родителите од Кочани…

Редакцијата на Инфомакс во ЖИВО разговара со…

Поддршка за одбојкарите: Македонија вечерва игра за…

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва (20:00 часот) во…