Прекинат транспорт на наркотици по балканска маршрута, до Западна Европа: Романската полиција одзела 66 килограми кокаин од камп-приколка

t

Романската полиција одзела повеќе од 66 килограми кокаин скриен во камп-приколка на територијата на округот Сибиу и уапсила двајца државјани на Србија, соопшти Дирекцијата за борба против организираниот криминал.

Судот во Букурешт им одреди притвор од 30 дена на осомничените.

Маж (37) и жена (46) се осомничени за меѓународна трговија со високоризични дроги, се наоѓале во возилото, кое, како што се сомнева, било наменето за транспорт на наркотиците во земји од Западна Европа, по балканска маршрута, преку Романија.

Полицијата пронашла вкупно 264 пакети со кокаин, скриени под рамката на креветот во камп-приколката, се наведува во соопштението.

Освен дрога, одземени се и пари во износ од 3.500 евра, 200 долари и четири мобилни телефони.

Возилото било на пат кон бугарско-романската граница, преку граничниот премин Ѓурѓу.

Осомничените прво биле задржани 24 часа, а потоа судот во Букурешт им одреди притвор од 30 дена.

Акцијата е спроведена со поддршка на локалните и на сообраќајните единици на романската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД: Oбвинител го…

Вистинска драма се одвивала доцна вечерта на…

Ајзенкот: Нетанјаху мора да биде сменет по…

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за…

ЕФА алармира за ескалација на заплашувањето и…

Работната група за јазични и малцински права…

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство…

Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската…

Поранешната портпаролка на Зеленски e осомничена за…

Службата за безбедност на Украина (СБУ) и…