Прекинат транспорт на наркотици по балканска маршрута, до Западна Европа: Романската полиција одзела 66 килограми кокаин од камп-приколка

t

Романската полиција одзела повеќе од 66 килограми кокаин скриен во камп-приколка на територијата на округот Сибиу и уапсила двајца државјани на Србија, соопшти Дирекцијата за борба против организираниот криминал.

Судот во Букурешт им одреди притвор од 30 дена на осомничените.

Маж (37) и жена (46) се осомничени за меѓународна трговија со високоризични дроги, се наоѓале во возилото, кое, како што се сомнева, било наменето за транспорт на наркотиците во земји од Западна Европа, по балканска маршрута, преку Романија.

Полицијата пронашла вкупно 264 пакети со кокаин, скриени под рамката на креветот во камп-приколката, се наведува во соопштението.

Освен дрога, одземени се и пари во износ од 3.500 евра, 200 долари и четири мобилни телефони.

Возилото било на пат кон бугарско-романската граница, преку граничниот премин Ѓурѓу.

Осомничените прво биле задржани 24 часа, а потоа судот во Букурешт им одреди притвор од 30 дена.

Акцијата е спроведена со поддршка на локалните и на сообраќајните единици на романската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и…

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Признанија за 13 најдобри просветни работници –…

На тринаесет најдобри наставници од предучилишното, основното…

Мицкоски: Фон Дер Лајен, како никогаш досега,…

Опозицијата и медиуми блиски до неа не…

Додик прогласи убедлива победа на СНСД

Претседателот на СНСД, Милорад Додик, прогласи убедлива…

Зеленски: Америка не смее да заборави дека…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Соединетите…