СДСМ го честита Денот на АРМ: Горди сме што токму во време на нашето владеење станавме полноправна членка на НАТО

t

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упати честитки до припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, до сите сегашни и поранешни воени лица, како и до нивните семејства, по повод 18 август – Денот на Армијата.

„Армијата претставува столб на сигурноста, одбраната и стабилноста на нашата држава. Со својата посветеност, дисциплина и професионалност, армиските припадници се грижат за безбедноста на нашите граѓани и за заштитата на територијалниот интегритет на земјата“, се вели во соопштението од СДСМ..

„Посебно горди сме што токму во време на владеење на СДСМ, Северна Македонија стана 30. полноправна членка на НАТО – најсилниот безбедносен сојуз во светот. Со ова, нашата Армија стана дел од модерните армии на НАТО, со можност за обука, соработка и опремување според највисоки стандарди.

Членството во НАТО значи трајна гаранција за безбедноста на нашата држава, заштита на граѓаните и сигурна иднина за генерациите што доаѓаат. Тоа е и признание за квалитетот и способноста на нашата Армија, која денес рамноправно учествува во меѓународни мисии за мир и стабилност ширум светот.

Уште еднаш, срдечно честитаме и им оддаваме почит на сите припадници на Армијата на Република Северна Македонија – нашите херои во униформа“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ го честита Денот на АРМ: Горди…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упати честитки до…

СДСМ: Филмовите на Мицкоски не плаќаат сметки,…

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Филмските…

СДСМ: Злоупотребите со милионите евра од Еразмус+…

„Злоупотребите со милионите евра од европската програма…

Шукова: Силно ќе се борам за правата…

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалник…

СДСМ: Мицкоски јасно порача платите нема да…

Додека Мицкоски анализира граѓаните едвај врзуваат крај…