Левица бара „фараонскиот мандат“ на Марјан Цветковски во МРТ конечно да заврши

t

По повеќе од една деценија конечно во јуни беше избран новиот Програмски совет на МРТ. Досегашниот совет, заедно со надзорниот одбор и нивниот генерален директор Марјан Цветковски, владееше со фараонски мандат, претворајќи ја јавната институција во лична банкомат-карта за коруптивно богатење и задушување на автентичната македонска продукција, култура и информирање на граѓаните, соопштија денеска од Левица.

„Согласно законите, со изборот на нов Програмски совет автоматски требаше да престане мандатот на досегашниот надзорен одбор и вршителот на должноста генерален директор, чиј мандат беше вештачки продолжуван уште од промените на законот во 2017 година. Сепак, и покрај тоа што веќе повеќе од месец и пол дена имаме нов совет, сè уште нема распишан конкурс за генерален директор, а надзорниот одбор останува на функција како да нема правна обврска за избор на нов состав.

Според јавно достапните записници од седниците на новиот Програмски совет, се остава впечаток дека целта е да се опструира промената на раководството преку одолговлекување на процесите со што се наметнува и прашањето за потенцијалната кривична одговорност од ваквото несериозно дејствување и произволно толкување на работните обврски кои произлегуваат од законите. Јасно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ продолжува по стапките на веќе функционалните политичко-бизнис шеми кои ги имаат зариено канџите во оваа клучна институција за јавниот интерес – затоа и го охрабруваат незаконското работење на новиот Програмски совет, сѐ со цел да се задржи истата шема на проневери под диригентската палка на тековното нелегитимно раководство на јавниот сервис.

Како партија, будно ги следиме овие случувања и повикуваме јавното обвинителство да го следи процесот, бидејќи не смее во Република Македонија да постојат фараонски шеми кои ги гушат демократските принципи и законските механизми. Апелираме до новиот Програмски совет да се придржува до законските обврски и што побргу да распише конкурс за нов надзорен одбор и генерален директор, за конечно МРТ да се ослободи од долгогодишните стеги и да почне да функционира во интерес на јавноста и македонската култура“, додаваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица бара „фараонскиот мандат“ на Марјан Цветковски…

По повеќе од една деценија конечно во…

ЕДНА НЕДЕЛА ЗГРАДАТА НА МРТ НЕМА ВОДА!…

Вработени во зградата на Македонската радио телевизија,…

МРТ набавува 12,5 ТОНИ крупна морска сол

Македонската Радиотелевизија набавува крупна морска сол и…

МРТ објави повторен повик за проектот –…

Целото соопштение за повторениот повик за проектот…

Апелација го ослободи Марјан „Доказ“ за обвинението…

Апелациониот суд го ослободил Марјан Стаменковски од…