Патот Македонски Брод-Скопје останува затворен поради пожарот во НП „Јасен“

t

Поради пожарот во Националниот парк Јасен кој е сè уште активен, регионалниот пат Македонски Брод – Скопје останува затворен за секаков вид на возила, соопштија од АМСМ и додадоа дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Оттаму додадоа дека има зголемен интензитет на сообраќајот по автопатите, каде се бележи зголемена фреквенција на возила.

На граничниот премин Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат возачите да возат внимателно со прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата на местата каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патот Македонски Брод-Скопје останува затворен поради пожарот…

Поради пожарот во Националниот парк Јасен кој…

Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина ќе бидат…

31 Читање помалку од 1м Претседателот на…

Синоќа уапсени 16 демонстранти на протестите во…

Досега, 16 студенти се уапсени во протестите…

Денеска се празнува Преображение на Господ Исус…

Третата година од Својата проповед на земјата…

Се подготвува средба Путин-Зеленски

Средбата во Белата куќа меѓу Трамп и…