Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе се покаже на изборите

t

Сите сондажи коишто ги имаме ние, меѓутоа и други независни центри се забележува разочараност кај граѓаните од власта, особено за несправување со економските проблеми, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

-Шестоцифрен е падот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ Најголемо разочарување граѓаните гледаат во немањето волја на Мицкоски и ДПМНЕ за справување со економските предизвици и финансиските проблеми. Тие се свесни за тоа и затоа покажуваат вакво автократско однесување, секој ден се соочуваат со резултатот од тој пад. Кога ДПМНЕ губи поддршка таа не секогаш се одразува на анкетите но јасно се покажува на избори. Овие избори ќе потврдат пад на поддршката на ВМОР-ДПМНЕ и раст на поддршката на СДСМ и на опозициското расположение, рече Костова.

Костова нагласи дека најлесен и најбезбеден начин да се спречи понатамошното вакво лошо однесување и терање на државата практично во амбис е можноста сите одговорни граѓани на оваа земја да го сосечат до корен ова до срж корумпирано антидржавничко, ненародно дејствување на власта предводена од ДПММЕ и Мицкоски.

-Особено е важно во ваква ситуација, овие локални избори да не се третираат само како обични локални избори туку да се даде отпор кон ваквите девијантни криминогени и скандалозни па дури и автократски тенденции коишто ги покажува Мицкоски и ДПМНЕ. Тоа е одговорност на сите нас и јас верувам дека граѓаните ќе се покажат достоинствено., порача потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Вести плус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта…

„СДС ја побара надзорната расправа за Алта…

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…

Денес СДС најави протест во Охрид каде…

Застануваме зад Сара и нејзиното семејство, одлуката…

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го…

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…