Русија не прифаќа никакви миротворци од НАТО
Русија нема да прифати никакви трупи на НАТО во Украина под маската на „миротворци“, не ѝ се потребни такви безбедносни гаранции, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.
„Глупавиот галски петел не може да се откаже од идејата за испраќање трупи во „Украина“. Директно беше кажано: нема трупи на НАТО како миротворци. Русија нема да прифати такви „безбедносни гаранции“.
Но, рапавата, кутра птица продолжува да пее, докажувајќи дека е крал на кокошарникот“, напиша Медведев на социјалната мрежа X. Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „коалиција на добронамерните“, создадена на иницијатива на Франција и Велика Британија, треба да распореди сили за поддршка „на копно, на море и во воздух“ во Украина во рамките на идните безбедносни гаранции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…