Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски, велат од СДСМ
„Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините секако се лошите економски политики на власта. Состојбата во економијата и во стопанството е алармантна, драстично е намалена ликвидноста во стопанството, фирмите едноставно немаат средства за исплата на плати и обврски а владата не им испорачува навремени средства“, соопштија од СДСМ.
„Неисплатените обврски од страна на државата се огромни, за поврат на ДДВ и други договорни обврски достигнаа околу 900 милиони евра.
Унгарските пари се уште не стигнаа, ветените средства кои требаше да ја возобноват ликвидноста ги нема. Банките не го поддржуваат стопанството затоа што ја кредитираат државата, нема дополнителна поддршка од финансискиот сектор.
Власта нема јасни цели за развој на економијата – отсуствуваат стратегија и визија, што доведува до „разурната економија” која се распаѓа пред очите на граѓаните и на фирмите“, додаваат оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…
Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…