Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Путин да ја заврши војната

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната.

„Оваа војна мора да заврши. Путин не разбира ништо освен сила и притисок. Секако, ние правиме и ќе направиме сè што е потребно за да ја заштитиме нашата земја и народ“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.

Според него, американскиот претседател Доналд Трамп е апсолутно во право кога вели дека е невозможно да се добие војна само преку одбрана, објави Укринформ.

„Во исто време, не ги намалуваме нашите напори во дипломатијата, како и преку сите наши контакти со партнерите, за да можат преговорите сепак да се реализираат, и тоа токму оние што би нè доближиле до мирот“, рече украинскиот функционер.

Тој додаде дека советниците за национална безбедност, врховниот командант на армијата, како и Генералштабот работат на воената компонента на безбедносните гаранции на Украина.

„Сега секојдневно ги додаваме контурите на идната безбедносна архитектура на Украина. Тие се однесуваат на оружје, финансии, интеракција со нашите партнери, сили на копно, во воздух и на море“, рече Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Путин…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…

Москва вели „не“ на планот на САД…

Русија им кажа не на плановите на…

Ким Јонг Ун скршен: Призна дека севернокорејски…

Во неочекуван и ретко искрен момент, лидерот…

Трагедија во Кина: Седум градежни работници загинаа,…

Седум работници загинаа, а девет други се…

Трамп ќе патролира со Националната гарда по…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време…