ВНИМАВАЈТЕ: Невреме доаѓа во Македонија!

t

Под влијание на атмосферски фронт кој се спушта преку алпскиот регион и носи значително посвеж воздух, денес и утре (петок и сабота 22/23 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо облачно, локално и тоа особено во западните предели и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Особено до крајот на денешниот ден (петок 22 август) ќе дува засилен, повремено силен ветер претежно од западен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). Можна е и појава на локално невреме, па токму поради ова, особено поради очекуваниот силен ветер апелирам граѓаните да обратат внимание каде се движат, особено да обратат внимание на своите автомобили, тоа значи поради очекуваниот силен ветер да избегнуваат да ги ставаат своите автомобили во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.

И во Скопје и околината ќе дува засилен, повремено силен ветер од западен правец (во делови од котлината повремено и локално со брзина од над 60/65 км/час).

Утре пак (сабота 23 август) температурите ќе бидат пониски за 5 до 7 степени во споредба од оние кои ги имавме до вчера а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, а утре (сабота 23 август) тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВНИМАВАЈТЕ: Невреме доаѓа во Македонија!

Под влијание на атмосферски фронт кој се…

Рубио: САД ќе ги суспендираат работните визи…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес објави…

Ангелов: Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“,…

Утрово врнежите кои траеја повеќе од два…

Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Путин…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…

Москва вели „не“ на планот на САД…

Русија им кажа не на плановите на…