Кривична пријава за градоначалникот на Демир Хисар, полициски и просветни инспектори
Адвокатот Жарко Стеваноски денеска поднесе кривична пријава против шест луѓе за случајот со разрешената директорка на демирхисарската гимназија, Маја Лозановска. Тој во пријавата наведува дека шест службени лица и тоа: градоначалникот на Демир Хисар Никола Најдовски, директорката на училиштето што тој ја назначи, двајца просветни и двајца полициски инспектори, организирале незаконски активности за разрешување на директорката Лозановска, со цел да се спроведат партиски вработувања, објави „Телма“.
„Постои основано сомневање дека во периодот мај-август 2025 година, организирано и секој во свој домен, тие презеле соодветни дејствија за да се овозможат партиски вработувања по распишаниот оглас за 19 технички лица и наставен кадар“ изјави Стеваноски.
Адвокатот детално ја опиша улогата на секој од пријавените. Според него, градоначалникот Најдовски побарал инспекциски надзор во гимназијата, иако претходно веќе имало извршена контрола во која не биле констатирани неправилности.
Овој пат, инспекторите утврдиле пропусти и истиот ден донеле решение со кое градоначалникот прво назначил нов директор, а потоа ја разрешил Лозановска, со што создал ситуација да има двајца директори во училиштето.
Стевановски тврди дека двајца полициски инспектори, без да извршат претрес во училиштето, иако имале наредба од судија, лажно пријавиле дека директорката ги уништила печатите и барале на носилка да оди на информативен разговор, и покрај тоа што била на боледување. Според адвокатот, овој случај е пример за злоупотреба на службените функции за партиски цели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџити го сака Чаир со срце, но…
Иако постојано јавно изјавува дека „Чаир го…
Шукова: Никогаш нема да дозволам партиските интереси…
Во видео-обраќање по повод 62-годишнината од скопскиот…
Шукова: Железница на кеј на Вардар –…
„Идејата за железница покрај кејот на Вардар…
Апасиев: Левица ќе има партиски кандидат за…
Левица ќе има партиски кандидат за градоначалник…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…