Зеленски: Русија прави „сè“ за да ја спречи мојата средба со Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија прави сè што може за да спречи средба меѓу него и Владимир Путин и ги повика сојузниците на Украина да воведат нови санкции врз Москва доколку не покаже интерес за мир, пишува Ројтерс.
„Русите прават сè што можат за да го спречат одржувањето на состанокот. За разлика од Русија, Украина не се плаши од никаква средба со лидерите.“, рече Зеленски.
Зборувајќи на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Киев, Зеленски рече дека разговарале за безбедносните гаранции за Украина од други држави.
Тој рече дека гаранциите треба да бидат слични на Член 5 на НАТО , кој го смета нападот врз една членка на алијансата како напад врз сите.
„Ова е почеток на голем потфат и не е лесно, бидејќи гаранциите се состојат од тоа што нашите партнери можат да ѝ дадат на Украина, како и каква треба да биде украинската армија и каде можеме да најдеме можности армијата да ја одржи својата сила“, рече Зеленски.
Украинскиот лидер, исто така, ги повика сојузниците на неговата земја да извршат притисок врз Русија за „барем минимално продуктивна позиција“.
Зеленски постојано повикуваше Путин да се сретне со него, а американскиот претседател Доналд Трамп рече дека рускиот претседател се согласил на таква средба преку телефонски разговор со него за време на посетата на европските лидери на Вашингтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…