(Видео) Не бараме сочувство и празни зборови од државата, бараме праведна разрешница – порака од родителите на 19-от „Марш на ангелите“
Не бараме од државата сочувство и празни зборови, туку бараме да обезбеди вистинска, целосна и праведна разрешница, порачаа семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“ на денешниот 19-ти „Марш на ангелите“. На транспарентот на којшто беа фотографиите од 62-те жртви беше испишано „Ние родителите скапо го плативме данокот на корупцијата“.
Тивко беше денеска низ улиците во Кочани и пред институциите пред којшто застануваа семејствата на загинатите, повредените и граѓани од Кочани и од останатите градови во земјава. Маршот на ангелите помина во молк, а родителите пред зградата на обвинителството порачаа дека нема никогаш нема да престанат да ја бараат вистината и одговорност за смрта на нивните деца.
„Секој што носи одговорност, без разлика на функцијата, позицијата или моќта, мора да биде изведен пред лицето на правдата. Затоа што човечкиот живот нема цена, а нашите загуби немаат замена. Овој случај не смее да остане без епилог, не смее да се заташка, не смее да се заборави!! Ако институциите дозволат оваа трагедија да заврши во тишина, ако не ја исполнат својата должност, тогаш испраќаат порака дека животот на нашите деца не значел ништо“, изјави Александра Величкова, мајка на Иван Величков.
Со голема болка, тага, солзи низ лицата, со фотографиите на своите чеда потпрени на градите родителите на загинатите млади луѓе на еден од транспарентите напишаа корупцијата ни го одреди местото, каде да ги слават родендените на своите деца – на гробиштата. Потсетија и дека најголемата трагедија не е само црна хроника во вестите, не е статистичка бројка, туку тоа се 62 згаснати животи, 62 семејства во црнина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ристовски: Кога македонски спортист постигнува успех,…
Големите спортски достигнувања не се само лични…
Жерновски бара Обвинителството да отвори истрага за…
Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит…
(Видео) Армискиот хеликоптер полни вода од Вардар…
Силна воздушна поддршка е ангажирана во гаснењето…
Мицкоски за растот на БДП од 4,3%:…
Во вториот квартал, во второто тромесечие имаме…
ФЗО: За една година поднесени 1.883 барања…
За семејствата кои со години се обидуваат…