Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово

t

Поради тоа не се избрани потпретседатели и не е завршен процесот за конституирање на законодавниот дом.

И на денешната седница за претседател на Парламентот на Косово повторно беше предложен Хекуран Мурати, кој на минатата седница не доби потребен број гласови. Од 106 присутни пратеници денеска „за“ Мурати гласаа 55, „против“ – 46, а пет беа „воздржани“.

Потоа за претседател на Парламентот беше предложена, предложена пратеничката и актуелна в.д. министерка за образование, Арбери Нагавци, кој исто така не го доби потребниот број гласови, бидејќи 55 пратеници гласаа „за“, 47 беа „против“, а четворица беа „воздржани“.

Во третиот обид, за претседател беше номиниран пратеникот Димал Баша, кој исто така не го доби потребниот број гласови. „За“ него гласаа 57 пратеници, 25 беа „против“, додека 24 беа „воздржани“.

По три неуспешни гласања седницата е прекината и ќе продолжи на 26 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски со шокантни бројќи : Околу 1.000…

Околу 1.000 нови случаи на рак на…

УНДП предупредува на „домино-ефект“: Енергијата, долгот и…

Земјите во развој се соочуваат со истовремен…

Пожар на Шар Планина

Пожар избувнал денеска над Боговинско Езеро, на…

Симеон Втори објасни зошто не присуствувал на…

Цар Симеон II објасни зошто не присуствувал…

Пожар во стан кај Клинички центар –…

МВР информира дека вчера попладне во 16:20…