Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

t

Согласно роковникот за локалните избори 2025, во тек е барањето акредитации за набљудување и известување од изборите закажани за 19 октомври. 

Досега за набљудување на изборите е акредитиран само Младински културен центар Битола. Рокот започна од денот на распишување на изборите, а завршува на десет дена пред денот на гласањето. 

Барања за набљудување на изборите може да достават сите домашни здруженија и странски организации, кои се регистрирани согласно со закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права. 

Претставниците на медиумите од Република Северна Македонија не подлежат на процес на акредитација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните…

Согласно роковникот за локалните избори 2025, во…

Вучиќ: На блокадерите не им се допаѓа…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Лавров: Да беше Трамп претседател на САД…

Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека…

Венс: САД нема да испраќаат војници во…

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес повтори…

ФК „Брегалница“ со осуда за инцидентот во…

Фудбалскиот клуб Брегалница најостро го осуди инцидентот…