Објавено на:

Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

t

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин не се согласи на прекин на огнот, предупредувајќи на сериозни последици.

„Сакаме да заврши. Имаме економски санкции. Зборувам за економски бидејќи нема да влеземе во светска војна“, рече Трамп.

Трамп не постави нова временска рамка за спроведување на санкциите доколку војната во Украина не престане, објави Си-Ен-Ен.

„Нема да има светска војна, но ќе има економска војна. Ќе биде лошо за Русија“, рече Трамп.

Тој изрази надеж дека сè уште постои пат до медијација во постигнувањето договор за прекин на војната во Украина.

Трамп, исто така, повторно посочи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски носи дел од вината за конфликтот.

„Она што мислев дека ќе биде најлесно, се покажа како најтешко“, рече Трамп за војната во Украина, наведувајќи дека сè уште мисли дека ќе може да помогне во прекинувањето на тој конфликт.

Трамп неколку пати се закани со воведување санкции кон Русија ако не ја заврши војната во Украина и постави временски рамки за тоа, но подоцна ги продолжи, потсетува CNN

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија собра 47 бомбардери способни за носење…

Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…

ИРАН ЈА ИЗВЕСТИ РУСИЈА: Ниту еден атом…

Техеран ја извести Москва дека збогатениот нуклеарен…

Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…

Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…

Почина Рускиот амбасадор во САД

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…

Позната компанија во стечај направила штета од…

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…