(Видео) Турски министер се снимал како вози со 225 км/ч, па доби казна
Во неделата вечерта, министерот Абдулкадир Уралоглу објави видео на мрежата X од него како вози по автопат во близина на главниот град Анкара, слушајќи народни песни и делови од говорот на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
На неколку одделни снимки на кои ненамерно се гледа брзинометарот, јасно може да се забележи како тој достигнува брзина помеѓу 190 и 225 км/ч. Ограничувањето на брзината на тој автопат во Турција е 135 км/ч.
Неколку часа подоцна, Уралоглу го објави повторно видеото, признавајќи дека бил казнет за пречекорување на ограничувањето на брзината, пишувајќи дека споделувањето на видеото го натерало самиот да го стори тоа.
-Седнав зад воланот за да го проверам автопатот Анкара-Нигде и случајно го надминав ограничувањето на брзината за кратко време. Всушност, се осудив себеси со видеото, напиша тој.
Во повторно објавеното видео е прикажано дека Уралоглу возел со брзина од 225 км/ч и добил казна од 9.267 турски лири (190 евра).
-Отсега па натаму, ќе бидам многу повнимателен. Почитувањето на ограничувањето на брзината е задолжително за сите, рече министерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Турски министер се снимал како вози…
Во неделата вечерта, министерот Абдулкадир Уралоглу објави…
Турција привлекла 26,4 милиони странски туристи во…
Турција ја посетиле 26,4 милиони странски туристи…
Опозициски градоначалник уапсен во Истанбул – приведени…
Во истрага за корупција, турските власти во…
Во јуни најмногу странски туристи од Турција
Во јуни годинава во земјава престојувале 126…
Едно лице загина, дваесет и девет повредени…
Едно лице загина, а 29 лица се…