Радивој Јововиќ, водач на блокадите во Нови Сад, пуштен во домашен притвор
Покраинскиот пратеник, професор Радивоје Јововиќ од Движењето на слободни граѓани, е ослободен од затвор и ставен во домашен притвор, соопштуваат српските медиуми
– Ова не е крај, борбата продолжува сè додека сите уапсени не бидат ослободени. Се гледаме во петок на протестот за сите уапсени, соопштија од Движењето на Слободни граѓани на Србија.
Жељко Кочиќ, адвокатот на Јововиќ, во петокот поднесе жалба до Основниот суд за да го пушти да се брани од слобода.
– Во жалбата, исто така, наведовме дека нема основано сомнение дека тој сторил некое од делата за кои е обвинет. Дека постојат видео снимки кои јасно ги покажуваат дејствијата на Јововиќ. Тој е обвинет за дело спречување на службено лице во вршење на службена должност и напад врз службено лице. Бидејќи нема основано сомнение, а снимките исто така го покажуваат ова, не може да има притвор – рече адвокатот.
За потсетување, на Јововиќ му е одреден притвор до 30 дена во затворот Клиса, додека на активистката на ДСГ, Исидора Челекетиќ, ѝ е одреден куќен притвор до три месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18+ видеа од познати жени објавени во…
Албанската полиција истражува скандал поврзан со интимни…
Епидемијата на чума во Сибир излегува од…
Ситуацијата со епидемијата на чума во рускиот…
САД ги повлекоа сите Б-1 бомбардери од…
Соединетите Американски Држави ги повлекоа сите бомбардери…
Се затовра ли уште еден теснец: Експлозии…
Повеќе експлозии биле забележани во непосредна близина…
Наводи за нов напад врз саудискиот нафтовод…
Се појавија непотврдени информации за нов напад…