На 14 септември во Скопје ќе се одржи голем ММА спектакл
На 14 септември во спортскипт центар „Јане Сандански“ ќе се одржи голем спортски спектакл во ултрапопуларните мешани боречки вештини, спорт познат како ММА.
Генерален покровител на овој настан е Министерството за спорт на Р. Македонија. Организацијата која технички го организира овој настан се вика ARMMADA и е една од виечките ММА организации во Европа. Неодамна еден борец кој беше дел од оваа организација потпиша договор со најсилната ММА организација на светотт UFC. Станува збор за Јован Лека тешкаш од Србија. Овој факт оваа организација ја прави една од најмоќните во Европа.
На овој голем настан ќе настапат неколку домашни борци кои ќе се обидат да покажат дека и нашата држава има ММА сцена, дека и ние имаме потенцијал во овој екстремно тежок и популарен спорт.
Во професионалните борби, борбите кои можеме да ги потенцираме како прва класа ќе настапат тројца македонци. Професионалното ММА е најрелниот приказ на квалитетот на борците.
Андреј Стојановски категорија -61 кг, со професионален скор (2-3) против Василије Тичан од Молдавија со скор (2-2). Андреј е одличен борец, тој тренира во Србија, во еден од најдпбрите клубови на балканот.
Коста Георгиевски категорија -93кг ќе дебитира против искусниот Раде Новаковиќ од Србија со професионален скор (2-4). Коста Георгиевски е домашен производ, член на “ММА Бутел”, тој е црн појас и порснешен балкански шампион во таеквондо, исто така е носител на кафеав појас во Џудо. Коста е припадник на маледонските специјални полициски сили.
Никола Димовски категорија -73кг во профи водите ќе дебитира против Лукиан Вилцу од Романија со скор (0-1). Никола не тренира во Македонија, тој тренира во Црна Горс и има солидна ММА кариера во аматерско ММА.
Во семи-про борбите, од Македонија ќе настапат:
Даниела Алексовска категорија -52кг против Флоцеа Лаида од Молдавија. Алексовска тренира во “The Strongest”, таа беше европски шампион во аматерско ММА.
Марко Трајановски категорија -84кг против искусниот Петар Кликовац од Црна Гора. Трајановски исто така беше европски шампион во аматерско ММА. Тој е дел од клубот “The Strongest”.
На овој голем настан ќе настапат познатите борци од Србија, Никола Градинаци Огнен Мицивиќ.
Картите се по симболична цена и може да се набават на ticketx.com.mk.
Настанот во живо ќе го пренесува Arena Fight TV.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 14 септември во Скопје ќе се…
На 14 септември во спортскипт центар „Јане…
Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на…
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто,…
Во рускиот напад врз Киев, погодена зградата…
Русија ја погоди зградата во која се…
Уште една трагедија во Македонија: Загина возач…
Во сообраќајна несреќа што се случи кај…
Одреден притвор за хрватски воен пилот и…
Истражниот судија на Сплитскиот жупански суд одреди…