Захарова: Безбедносните гаранции за Украина не треба да бидат услов за преговори, туку резултат од истите
Безбедносните гаранции за Украина не треба да бидат услов за преговори, туку нивен резултат, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Неопходно е да се разбере дека обезбедувањето безбедносни гаранции не е услов, туку резултат на мировен процес заснован на елиминирање на основните причини за кризата во Украина. А тоа ќе ја гарантира и безбедноста на нашата земја“, нагласи Захарова.
Предлозите на Западот во врска со безбедносните гаранции се еднострани и имаат за цел да ја сопрат Русија, рече таа. Таа додаде дека Владимир Зеленски презема чекори за саботирање на преговарачкиот процес за Украина и продолжување на конфликтот.
„Зеленски продолжува да презема чекори што водат до саботажа на процесот на мировни преговори и ескалација на конфликтот. На 21 август, тој им рече на странските новинари дека Киев одбива правно да ги признае териториите што неговата клика ги изгубила неповратно, повторувајќи ги своите претходни бесмислени тврдења за нивната окупација“, рече таа на брифинг за медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Покрај трилатералата, и Европа мора да…
Украина очекува во ноември да се одржат…
Трамп оптимист: „Наскоро средба меѓу Зеленски и…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…
Времен режим на патот Кичево-Охрид кај Пресека-Песочан
На автопатот Кичево – Охрид во делот…
САД потрошиле над 47 милијарди долари за…
Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…
(Видео) Малолетник нападна полицаец со два ножа…
Малолетник од Шабац е убиен ноќеска пред…