Академски пленум: Вучиќ прави здружение на професори, ќе биде финансирано од буџетот
Во научно-технолошкиот парк во Нови Сад, денеска ќе биде формирано здружение „Професори 2.0“, под маска на „Институт за академско делување“ и под раководство на Патрик Дрид, првиот декан кој повика полиција да интервенира против своите студенти, предупредуваат од српскиот академски пленум. Како што велат оттаму, власта одлучила да формира граѓанско здружение кое ќе биде претставено како дел од академската заедница што ја поддржува политиката на Александар Вучиќ, откако студентите добија поддршка на барањата на студентите во блокада и нивната борба за поправедно општество.
„Бидејќи се регистрирани како граѓанско здружение, тие ќе можат да конкурираат и за финансирање од буџетите на локалните самоуправи, покраината и републиката, а имајќи ја предвид блискоста на Дрид со власта, не се сомневаме дека од нашите пари ќе биде финансирана нивната кампања за кревање на рејтингот на оваа власт, по гебелсови методи со огромна поддршка на сите таблоиди. Статутот на ова здружение предвидува членови да може да бидат и малолетници постари од 14 години“, се наведува во соопштението од Академски пленум.
Според нив, здружение што се претставува како академско, а истовремено вклучува малолетници без јасни процедури за нивна заштита, покажува дека станува збор за политичко-маркетиншки проект, а не за сериозна академска иницијатива.
„Академскиот пленум е уверен дека вакви квази-академски здруженија не можат да ги потиснат автентичните академски мрежи кои, заедно со студентите, продолжуваат да го бранат универзитетот како простор на слобода, критичко мислење и отпор кон автократијата и корупцијата“, се додава во реакцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возачи го тужат Mercedes: Вжештеното AMG лого…
Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното…
По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…
Големиот пожар што денеска избувна во Волково…
Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…
Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…
Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…
Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…
20-годишен припадник на албанската армија убиен во…
Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…