ССМ организирал 16 ПРОТЕСТИ И 3 ШТРАЈКОВИ до август 2025 година

t

ССМ организирал 16 ПРОТЕСТИ И 3 ШТРАЈКОВИ до август 2025 година, објавија од Сојузот на синдикатите на Македонија на Фејсбук.

Во продолжение целата објава:

ПРОТЕСТИ:

1. Поддршка на ССМ за УПОЗ и протестите на вработените во Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за шумарство и водостопанство, Министерството за правда, Министерството за култура и туризам, Министерството за економија и труд, Министерството за транспорт, Државниот завод за статистика и Државниот архив

· Во месец јануари, вработените во Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за шумарство и водостопанство, Министерството за правда, Министерството за култура и туризам, Министерството за економија и труд, Министерството за транспорт, Државниот завод за статистика и Државниот архив со поддршка на УПОЗ и ССМ протестираа 5 денови со барање да им биде исплатен додаток од 30% на плата и апелираа до Владата да најде начин да се обезбедат средства од Буџетот за решавање на овој долгогодишен проблем на вработените.

2. Поддршка на ССМ за протестот на вработените во Колска ДООЕЛ Велес

· Во месец февруари, ССМ ги подржа вработените во Колска ДООЕЛ Велес кои протестираа за неисплатените плати на работниците.

3. Поддршка на ССМ за протестот на вработените во ПОШТА

· Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов заедно со Претседателите на Синдикатите во Македонска пошта дел од ССМ Боро Велигденов и Саше Димитријевски заедно со повеќе од 150 вработени во пошта кои во знак на револт одржаа мирен протест барајки од Директорите да им ги објаснат причините за притисоците кои им се вршат, за неисплатените плати, за тоа кога ќе се набави лична заштитна опрема и средства за работа, кога ќе се запре со унапредување во контролори на партиски послушници, и кога ќе запре политичкиот прогон со притисоци за преминување во партиски синдикат.

4. Поддршка на ССМ за УПОЗ и вработените во центрите за социјални работи

· Синдикатот на УПОЗ и ССМ ги поддржаа социјалните работници од Прилеп, Велес, Куманово, Тетово, Неготино, Кавадарци, Кичево и Гостивар во нивниот протест за подобри услови за работа, отткако една вработена колешка беше повредена на своето работно место. Поддршката изостана само од вработените во Центарот за социјална работа Скопје, кои се соочуваа со закани од раководители и од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

5. Поддршка на ССМ за работниците од МЦСР Прилеп

· Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски заедно со Претседателот ССМ Слободан Трендафилов како и Претседателите на СГИП Иван Пешевски и АГРО Синдикат Игор Китаноски со поддршка за ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Прилеп каде уште еднаш го изразија своето жалење и поддршката за колешката кон која беше извршен обид за убиство додека ја вршела својата должност како и кон колешките и колегите кои работат во Центарот и кои беа изложени на опасност по нивните животи и побараа подобрување на условите за работа на работните места.

6. ССМ со поддршка протестот на СКРМ

· Сојузот на Синдикатите на Македонија со поддршка на СКРМ и културните работници на протестот и протестен состанок на Советот со членовите на СКРМ пред Министерството за култура поради задоцнето исплаќање на плата.

7. 300 членови на органите и телата на Сојузот на синдикатите на Македонија по Одлука на Претседателството на ССМ од 28.03.2025 година, на 02.04.2025 година (среда) со цел да го изразат јавното мислење заради остварување на социјални и економски интереси за заштита на работничките права и правото на слобода на здружување и синдикалното организирање, организира јавна седница (протест) на органите и телата на ССМ и органите и телата на синдикатите здружени во ССМ, која започна од пред Работнички дом (зграда на ССМ) со седиште на улица 12 Македонска ударна бригада бр.2-а, Скопје ( нова Мирче Ацев бр.6) во 12.05 часот и на кој беше истакнато барањето до Владата да предложи измени на Законот за минимална плата со која минималната плата ќе ја зголеми на најмалку 30 илјади денари или 500 евра.

8. Голем Работнички 1-во Мајски протест на ССМ под мотото ПРОТЕСТИРАМЕ ЗА ПЛАТА!

На повик на Сојуз на синдикатите на Македонија, на 1ви Мај , на протестот под мотото ПРОТЕСТИРАМЕ ЗА ПЛАТА , се приклучија помеѓу 6.000 и 7.000 работници, синдикалци, синдикати, активисти и борци за работнички права, граѓани, пензинери, студенти како и сите оние кои му мислат добро на работникот.Задржувајќи се речиси еден час синдикалните лидери заедно со присутните работници, граѓани и активисти за работнички права, најглавните пораки ги испратија токму пред креаторите на политиките, односно пред Владата. Беше порачано на владините функционери и на сите работодавачи што заборавија дека без работници нема економија, дека без работници нема развој, и дека без работниците нема иднина. Особено беше истакнато барањето до Владата да предложи измени на Законот за минимална плата со која минималната плата ќе ја зголеми на најмалку 30 илјади денари или 500 евра. Со најава дека протестите ќе продолжат, претседателот на ССМ најави дека се почесто работниците ќе излезат на улица, дека може и макар на еден ден да се штрајкува во целата држава, а се со цел да се испрати порака до Владата, политичарите, газдите и сите засегнати дека ССМ нема да отстапи од барањата за минимална плата од 500 евра како и барањата за остварување и заштитата на сите работнички права за Македонскиот работник.

9. Четири протести на Синдикатот СУТКОЗ со поддршка на ССМ за исплата на плата на вработените во Флораком и Луна , фирми керки на ЈП Паркови и зеленило Скопје.

ШТРАЈКОВИ:

1. Поддршка на ССМ за штрајкот на работниците од ФАКОМ производство и монтажа

· Работниците во ФАКОМ производство и монтажа, поддржани од Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), излегоа на генерален штрајк поради неплатени плати. неисплатен К-15 за 2024 година и неисплатени три последователни 13-ти плати.

2. Поддршка на ССМ за СУТКОЗ и работниците од ТЕРМИНАЛ ДООЕЛ Прилеп

· Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и Претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски со поддршка на штрајкот на вработените во Терминал ДООЕЛ Прилеп поради 7 неисплатени плати.

3. Тридневен штрајк на СУТКОЗ и вработените во ЈП за ПУП Прилеп

Поради нередовната исплата на платите вработените во ЈП за ПУП Прилеп во периодот од 25.08.2025 година до 27.08.2025 година стапија во штрајк.

Причината за нередовната исплата на плати во претпријатието кое помеѓу другите дејности врши и превоз на ученици е милионските долгови кои ги имаат средните училишта од Прилеп кон претпријатието за извршени услуги за превоз на ученици.

Во борбата за зголемување на платите и зголемување на минималната плата потребна е поддршка од секој еден работник, нека борбата започне со твојата поддршка !

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ организирал 16 ПРОТЕСТИ И 3 ШТРАЈКОВИ…

ССМ организирал 16 ПРОТЕСТИ И 3 ШТРАЈКОВИ…

Германија бара повеќе од еден милион работници

Иако Европската Унија бележи висока стапка на…

Синдикатите на Србија бараат минималната плата во…

Репрезентативните синдикати на Србија, Сојузот на независни…

Грција предлага четиридневна работна недела, но 10-часовен…

Грчкото Министерство за социјални работи презентираше голем…

ССМ: Сиромашни работници, богати функционери – Една…

Во Македонија во месец мај 2025 година…