(Видео) Јакимовски: Со носталгија, ама со гордост – се селиме во нова зграда!
Администрацијата на Општина Карпош се сели во новата општинска зграда, објави на Фејсбуј градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.
– Со носталгија, ама со гордост – се селиме во нова зграда!
Дојде денот кога ја напуштаме старата барака. Место што на прв поглед изгледаше обично, а во себе носеше голема историја за Карпош.
Се сеќавам како овде ја донесовме одлуката за плоштадот „Делфина“, за Жданец, за Карпош 3 и за Бардовци. Овде одлучивме за фасадите на Теодосиј Гологанов и Јури Гагарин, за сите згради во Карпош 3 и Карпош 4. Овде решивме да се реновираат училиштата „Христијан Тодоровски – Карпош“, „Вера Циривири – Трена“, „Војдан Чернодрински“, „Владо Тасевски“, „Димо Хаџи Димов“, „Братство“ и „Аврам Писевски“.
Од оваа барака започнавме со субвенции за кровови и лифтови, за ужини во училиштата и возачки дозволи за младите. Тука се носеа одлуки што вистински го менуваа секојдневието на луѓето.
Денес со гордост се селиме во нова, модерна и енергетски ефикасна зграда – со подно греење и ладење, дом достоен за граѓаните.
А најубавото е што бараката нема да остане празна. Тука ќе ги сместиме најмладите од градинките „Мајски Цвет“ и „Канела“ додека им се градат нови, современи простории. Подоцна, ова место може да биде и дом на културно-уметничките друштва – затоа што Карпош секогаш имал душа и срце и во културата.
Со носталгија се простуваме од бараката, но со уште поголема радост го отвараме новиот дом на Општината. Таму ќе продолжиме да градиме иднина и да носиме одлуки што значат подобар живот за секој Карпошанец. – вели Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…
Од МВР информираа дека е расчистен случајот…
Без струја делови од Карпош, Центар и…
Без електрична енергија денеска ќе останат делови…
Мајка нападнала дете во игротека во Карпош
На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…
СДСМ бара вонредна седница на Советот на…
„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…
(Видео) Ако Лукровски не може, не знае…
Ако Стори Лукровски не може, не знае…