Вака ќе изгледаат бугарските евро-монети!
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, ги претстави бугарските евро-монети. Тие се достапни во апоени од 1, 2, 5, 10, 20 и 50 евро-центи.

Лагард, исто така, напиша на својата Фејсбук страница дека изгледот и дизајнот на евро-монетите се „возбудливи вести“ за еврозоната.
„Погледнете го првично дизајнот на бугарските монетите од 1, 2, 5, 10, 20 и 50 евро-центи. Иако ќе мора да почекаме малку подолго пред да ги видиме овие монети во оптек, овие фотографии даваат увид во прекрасните национални симболи на евро-монетите, избрани од Бугарската национална банка“, напиша Лагард.
„Дизајнот на евро-монетите го одржува континуитетот со сегашните монети на Бугарија и вклучува симболи кои се длабоко вкоренети во наследството на земјата и се ценети од нејзиниот народ“, додаде претседателката на ЕЦБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…
Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…
Бугарија дава по 50 евра помош за…
Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…
Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…
ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…
ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…
Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…
ТЕСЛА ВЛЕГУВА ВО БУГАРИЈА СО ТРИ ГОЛЕМИ…
Во последната една година Бугарија стана лидер…