Објавено на:

Калас: ЕУ ќе бара начини замрзнатите средства на Русија да се употребат за обнова на Украина

t

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека ЕУ ќе истражи начини замрзнатите средства на Русија да се употребат за одбрана и обнова на Украина по завршувањето на војната, но, како што рече, конфискацијата на тие пари во моментов не е политички реална.

По денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ,  Калас изјави дека е незамисливо Русија некогаш да ги види тие пари, ако не ѝ плати на Украина воена отпремнина.

Врз основа на санкциите воведени од Брисел против Москва поради инвазијата на Русија, околу 210 милијарди евра руски пари беа замрзнати во земјиет членки на ЕУ.

Украина и некои членки на ЕУ, како што се Естонија, Литванија и Полска, тврдат дека парите треба да се користат за поддршка на Киев, но тој предлог  беше отфрлен од Франција, Германија и Белгија, каде што се наоѓаат поголемиот дел од замрзнатите средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…

Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

ФАЦ: ЕУ има сериозни пропусти во одбраната…

Европската унија треба да биде „подготвена за…