ИДФ: Газа е опасна борбена зона
Израелската армија денеска го прогласи градот Газа за „опасна борбена зона“ во која „тактичката пауза“ повеќе не е на сила, но не ги ни повика жителите веднаш да се евакуираат.
„Од денеска во 10 часот, локалната тактичка пауза во воените активности нема да важи за подрачјето на градот Газа, кое претставува опасна борбена зона“, се наведува во соопштението на ИДФ.
Дневната „локална тактичка пауза“ за градот Газа и другите делови од енклавата беше прогласена на крајот на јули, соопшти армијата, „со цел да се овозможи безбедно поминување на конвојот на ОН и хуманитарните невладини организации на палестинската територија разорена од војната“.
Израелската армија додаде дека ќе продолжи да „поддржува хуманитарни напори, воени маневри и операции против терористичките организации во Појасот Газа“.
Цивилната заштита во Појасот Газа пријави дека од вчера има 33 нови смртни случаи на палестинска територија.
Војската во средата објави дека евакуацијата на Газа е „неизбежна“ со оглед на одлуката на Израел да ја преземе контролата врз градот, што се смета за едно од последните упоришта на Хамас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…
Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…