Пад на приходите на рускиот нафтен гигант за повеќе од 68% поради ниските цени на нафтата
Нетo приходот на рускиот нафтен гигант „Роснефт“ се намали за повеќе од 68% во првата половина од годинава, достигнувајќи 245 милијарди рубљи (околу 2,6 милијарди евра), јави Ројтерс повикувајќи се на извори од индустријата.
Причината за падот, како што се наведува, е намалувањето на цените на нафтата поради зголеменото производство од страна на Саудиска Арабија и другите држави-членки на Организацијата на земји извознички нафта (ОПЕК+).
„Првата половина од годината ја одбележа пад на цените на нафтата, пред сè поради прекумерното производство. Главна причина е активното зголемување на производството на земјите од ОПЕК, вклучително и Саудиска Арабија, ОАЕ, Ирак и Кувајт,“ изјави првиот човек на „Роснефт“, Игор Сечин.
Според индустриски извори, Русија на состаноците на ОПЕК+ изразила загриженост дека зголемувањето на производството се одвива побрзо од очекуваното.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…